ММС

Објавено на: 04/6/21 9:44 PM

Не постои фразата „не сме надлежни“, сите сме надлежни кога е во прашање човечки живот, Николовски за смртта на овчарот

Со големо жалење ја примив веста за смртта на повредениот овчар од кратовскиот регион. Денеска се пратени дописи во кои побарав детални извештаи за случајот од градоначалникот на општина Кратово, од Центарот за управување со кризи и од МВР, напиша на својот фејсбук профил, Љупчо Николовски, вицепремиер за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси.

Николовски во објавата дополнува дека освен детални извештаи, за трагичниот настан од ЦУК и од МВР побарал да спроведат внатрешна контрола, за постапувањето на надлежните службеници за случајот.

– Човечкиот живот нема цена, а кога станува збор за спасување на човечки живот, секој треба да го даде максимумот, а не да се оградува од одговорност, пишува тој.

Посочува дека во вакви случаи не постои фразата „не сме надлежни“, сите сме надлежни кога е во прашање човечки живот , како што вели тој.

– Неприфталиво и недозволиво е во 21 век, да се носи човек на носилики, а институциите да не можат да детектираат како и на никој начин да се постапи во конкретни животозагрозувачки случаи, апелира Николовски.

Николовски во објавата која ја сподели вечерва на својот фејсбук профил повика на итно лоцирање на одговорност, соодветни мерки, санкции и расчистување на случајот.

Одговорност за смртта на 63-годишниот жител на кратовското село Емирица, кој изутринава го загуби својот живот во болницата во Штип, откако беше пронајден во тешка здравствена состојба, по што пет часа бил носен на раце низ тешко прооден планински терен за да се спаси неговиот живот, побара и Никола Димитров, вицепремиер за европски прашања, исто така во објава на својот фејсбк профил.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.