ММС

Објавено на: 04/6/21 3:22 PM

(ВИДЕО) Дончиќ му одржа лекција на лидерот на „Западот“

Далас Маверикс предводен од фантастичниот Лука Дончиќ, синоќа ја забележа својата 28-ма победа сезонава поразувајќи го лидерот на Западната конференција, Јута Џез.

„Џезерите“ беа немоќни пред налетите на младиот словенечки репрезентативец и неговите 31 поен, осум асистенции и девет скокови, со што Маверикс прокнижи добар резултат од 111:103 во борбата за плеј-офот.

Иако многумина во НБА лигата и кошаркарската јавност го критикуваат тој аспект на играта на некогашниот играч на Реал Мадрид, Дончиќ против Јута постигнуваше поени од дистанца (шест тројки), помагајќи му на тимот од Тексас да го контролира целиот меч практично во сите 48 минути, со исклучок на последниот период.

Поразот на Јута од Далас претставуваше прв во последните девет натпревари, додека пак Маверикс забележа петта последователна победа.

Покрај Дончиќ, во редовите на Далас се истакна Фини-Смит со 23 поени, а во таборот на Јута, „Ол стар“ играчот, ветеранот Мајк Конли, со 28 поени и седум асистенции се обидуваше да го следи чекорот на опонентот.

 

 

 

 

 

Фото:

marca.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.