ММС

Објавено на: 04/6/21 3:19 PM

Штип: Полицијата заплени „лада“ натоварена со огревни дрва, возачот избегал откако удрил во друго возило

Уште еден случај во кој неисправни возила натоварени со украдени огревни дрва се учесници и предизвикувачи  на сообраќајни незгоди, бележи штипската Полиција.

Возило „лада“ без регистарски ознаки натоварено со огревно дрво вчера удрило во друго возило. За среќа незгодата поминала само со материјална штета, информираат од Полицијата. Возачот веднаш избегал од местото на несреќата, оставајќи ѓи и возилото и дрвата.

„На 05.04.2021 во 19.35 часот на ул.„Вардарска“ во Штип, полициски службеници пронашле патничко возило „лада“ без регистарски ознаки, учесник во сообраќајна незгода, натоварено со огревни дрва без соодветни документи. Возилото и дрвата биле одземени и предадени на шумска полиција за понатамошна постапка,“ информира портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова.

Се работи на расчистување на случајот.

Ниту полициските акции, ниту бројните заплени на вакви возила кои што често може да се забележат по периферните штипски улици, не го намалија бројот на ваквите криминални активности.

Овие возила претставуваат вистински темпирани бомби по штипските улици, често предизвикувајќи сообраќајни незгоди загрозувајќи ги животите и на возачите и на пешаците и во кои виновниците најчесто остануваат неказнети.

Фото-архива


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.