ММС

Објавено на: 04/6/21 2:56 PM

Ковид 19 го зголемува ризикот за хоспитализираните поради мозочен удар

Болеста развиена од Ковид 19 го зголемува ризикот од смрт во болница кај луѓето хоспитализирани од мозочен удар, покажала новата американска студија.

Пациентите со ковид-19 имаат поголема веројатност да имаат сериозен мозочен удар, како и ризик за нов мозочен удар за време на хоспитализација, објавија истражувачите во списанието „Stroke“.

Тие проучувале скоро 42.000 пациенти кои биле третирани во 458 болници со исхемичен мозочен удар, предизвикан од блокада на артериите кои го снабдуваат мозокот со крв.

Околу три проценти од овие пациенти биле позитивни на ковид-19.

Во просек, тие пристигнале во болницата толку брзо како и пациентите кои не развиле ковид-19.

„Најверојатно поради потребата да се користи опрема за лична заштита и други превентивни мерки, кои ги спроведува болничкиот персонал, на пациентите со ковид-19 им треба подолго време за да добијат терапија за тромб, вели коавторот на студијата др. Грег Фонароу од Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес.

Студијата не може да докаже дека доцнењата во терапијата предизвикала послаб исход кај пациентите со ковид-19.

Но, Фонароу вели дека наодите сугерираат дека има потреба од дополнително зајакнување на протоколот за лица погодени од мозочен удар за да се обезбеди навремена дијагноза и навремен третман на лица со исхемичен мозочен удар, додека се штити здравствениот персонал од изложеност на коронавирусот.

Преземено од: https://ba.n1info.com/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.