ММС

Објавено на: 04/6/21 2:25 PM

Вакцинираните ги штитат и невакцинираните во нивна близина, тврди Израелскиот здравствен систем

Новите податоци од Израел, каде напредуваше кампањата за вакцинација против коронa вирусot со Фајзер, укажуваат на тоа дека имунизацијата на возрасните исто така ги штити невакцинираните лица кои живеат во нивна близина, особено децата.

Околу една третина од 1,95 милиони корисници на здравствени услуги во Макаби (МХС), над 16-годишна возраст, добиле барем една доза до 30 јануари.

Проучувајќи ја епидемиолошката состојба во 223 заедници, научниците забележале дека со зголемувањето на бројот на вакцинирани возрасни, стапката на инфекција кај невакцинираните корисници на системот МХС во истите заедници се намалил – особено кај децата.

МХС е втор по големина израелски здравствен систем.

„Забележаната заштита на невакцинирани лица, поврзана со вакцинирање кај возрасни  е охрабрувачка, потребни се дополнителни студии за да се утврди дали и како тоа ќе им помогне на изгледите за колективен имунитет и искоренување на болест“, велат научниците.

Преземено од: https://www.novosti.rs/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.