ММС

Објавено на: 04/6/21 2:02 PM

Шалтерите во барака 16 на Град Скопје од денеска ќе работат до 18 часот

Во согласност со издадените мерки и  најновите  препораки од Владата, Градот Скопје ги известува граѓаните дека шалтерите во барака број 16 од денеска (06.04.2021), до вторник (20.04.2021) ќе работат од 7:30 до 18:00 часот.

Во наредниот период во барака број 16 по 18 часот нема да се врши прием и издавање на документи.

Скратеното работно време ќе важи во следните две недели, односно до наредните препораки од надлежните институции, информираат од Град Скопје.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.