ММС

Објавено на: 04/6/21 1:00 PM

Варан позитивен на Ковид-19, Реал без него и Рамос на мегдан со Ливерпул и Барселона

Централниот дефанзивец на Реал Мадрид, Рафаел Варан, позитивен е на Ковид-19 и ќе го пропушти вечерашниот воведен дуел од 1/4 финалето во Лигата на шампионите против Ливерпул, соопштија од „кралскиот клуб“.

Французинот ќе се повлече во изолација следејќи ги здравствените протоколи и мерки и ќе биде надвор од терените извесно време. Главоболките на Зинедин Зидан станаа поголеми пред круцијалниот дел од сезоната, откако поради повреда го загуби и капитенот Серхио Рамос.

Мадриѓаните против англискиот првак, но и против Барселона викендов во „Ел Класико“, едно од поважните во последните неколку години, со оглед на ситуацијата на табелата и малата бодовна оддалеченост помеѓу двете екипи, ќе мора да настапи без двајцата главни играчи од одбраната.

Се очекува Начо и Милитао вечерва да ги заземат местата на централните позиции во дефанзивата.

 

 

 

 

 

Фото:

еurosport.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.