13 илјади граѓани се вакцинирани заклучно со вчерашниот ден, со почетокот на масовната имунизација во салата „Борис Трајковски“, несакани ефекти нема, освен два случаи на колапс и паничен напад, вели министерот за здравство Венко Филипче.
Девојката која што имаше тромбоза на очната вена, Филипче рече дека е добра и денеска оди на домашно лекување. Тој информираше дека над 90 проценти од сите здравствени работници, кои работат со ковид пациенти се веќе вакцинирани и ревакцинирани.
Од закажаните граѓани вчера близу 2 800, 2 500 се веќе вакцинирани.
Г.Д
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.