ММС

Објавено на: 04/6/21 11:26 AM

Државата нема правен механизам да влијае на цените на приватните болници, тоа е оставено на нивна добра волја, рече Филипче

Граѓаните во приватните болници се лекуваат по своја волја, никогаш не сме биле во ситуација да нема место во државните болници и да бидат департирани таму, вели министерот за здравство Венко Филипче како одговор на новинарско прашање.

„За денеска ќе го закажам состанокот во попладневните часови, инаку и вчера и утрово разговаравме со двете приватни болници Ремедика и Систина кои што се согласија да дадат лекари специјалисти кои што ќе работат во јавното здравство во период од следниот месец дена 5 лекари специјалисти од приватната болница Систина, двајца од Ремедика за жал од болницата Жан Митрев ни кажаа дека голем број од вработените се на боледување, сега нема да можат но во следните недела две и тие ќе дадат кадар. Целта е да се доекипира Центарот за рехабилитација Козле“, истакна Филипче.

Во однос на висината на цените за здравствените услуги во приватните болници, Филипче рече дека веројатно тоа ќе биде оставено на нивната добра волја да излезат во пресрет со цените ќе видиме што ќе соопштат денес.

„Правен механизам немаме, исто како што до сега функционирале така е и сега. Тие ги прават своите цени за кои што граѓаните бараат здравствена услуга“, истакна Филипче.

Г.Д


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.