ММС

Објавено на: 04/6/21 9:42 AM

ЈСП од денеска со нов возен ред на автобуските линии

Поради новите рестриктивни мерки и зголемување на времетраењето на полицискиот час, Јавното сообраќајно претпријатие воведува нов возен ред на автобуските линии.

Од денеска 6 -ти до 20 -ти април, јавниот ревоз ќе сообраќа до 20 часот,  а билетарниците и центрите за персонализација ќе работат до 18.30 часот.

Режимот на јавниот превоз е согласно последната одлука на Влада на РСМ за забрана на движење на населението во период од 20 до 5 часот, почнувајќи од денеска, информираат од ЈСП.

Од ЈСП потсетуваат дека и натаму не важи бесплатниот превоз за возрасни лица во вторник, петок, сабота и недела, времено укинати се и трите автобуски линии (25, 25А и 25Б) што сообраќаат до Средно Водно, туристичката линија „Сити тур“, а не работи ниту Жичарницата.

Деталниот распоред на автобуските линии може да ги најдете на веб страницата на ЈСП.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.