ММС

Објавено на: 04/6/21 9:15 AM

Бидете продуктивни и без стрес: Утрински ритуали кои ќе ви го разубават секојдневието

Будењето, подготвувањето, пиењето кафе и сите останати утрински ритуали може да го одредат текот на целиот ден, поради што експертите советуваат дека секое утро треба да го почнеме со некои добри навики. Иако дел од овие навики е тешко да се стекнат, докажано е дека на долг рок ќе ни помогнат да бидеме посреќни и попродуктивни.

Разбудете се порано

Експертката за управување на времето и авторка на книгата „Што најуспешните луѓе прават пред појадокот“, Лаура Вандеркам вели дека една неодамнешна анкета, покажала дека 90 проценти од луѓето  кои се успешни во она што го работат, се будат пред шест часот.

Денот почнете го со вежбање

Утрото е идеално време за вежбање. Претприемачката, Урсула Бурнс појадува во шест часот, а поранешниот американски претседател Барак Обама го почнува со кардио вежби, додека извршниот директор на Твитер, Џек Дорси наутро прави три интензивни тренинзи од по седум минути.

Ако овие луѓе наоѓаат време за вежбање без изговор, можете и вие – вели Вандеркам.

Имајте „вистински“ појадок“

Подгответе си појадок со протеини, подобро е денот да го почнете со јајца, отколку со шеќер кој за кратко време ќе ви создаде чувство на умор. Можеби наутро немате време за да си подготвите појадок, но така ќе ја добиете потребната енергија и подоцна ќе си „заштедите“ нешто време.

Прво извршете ги најважните задачи

Тивките утрински часови се идеално време за да се фокусирате на работата, пред вниманието да ви го одвлечат децата или колегите. Вандеркам споменува пример за еден бизнисмен кој во текот на денот имал толку состаноци и прекинувања и ништо не можел да постигнр. Поради тоа, тој одлучил со најважните проекти да се занимава во утринските часови и секое утро да прави по една важна задача.

Истуширајте се

Бројни студии покажуваат дека утринското туширање со млака вода му помага на телото да се „разбуди“, а со тоа ви помага да се подготвите за она што претстои. Туширањето наутро ќе ви заштеди време подоцна во текот на денот или навечер кога сте веќе уморни.

Уживајте во тишината

Животот често е хаотичен и на многумина им е тешко да одвојат време за едноставно уживање во моментот. Затоа утрото е идеално за медитација или едноставно размислување за сопствените желби и планови.

 

Извор:   vecernji.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.