ММС

Објавено на: 04/6/21 8:55 AM

Вакцинираните не го пренесуваат вирусот, германскиот Институт Роберт Кох со нови сознанија

Угледниот германски Институт Роберт Кох соопштои дека вакцинираните лица не го пренесуваат вирусот, а тамошниот министер за здравство, Јенс Шпан најави ублажување на мерките за вакцинираните граѓани.

– Кој во целост е вакциниран, тој треба да се третира како и луѓето со свеж негативен тест на коронавирус – изјави Шпан за неделното издание на “Билд“.

Министерот Шпан се залага на луѓето кои ја примиле вакцината во две дози да им се дозволи одење во шопинг без тест на Ковид-19 ако за тоа и понатаму е потребно тестирање.

Најавувајќи опуштање на мерките за вакцинираните во следните неколку недели, Шпан се повика на извештајот од институтот Кох во кој се наведува дека ризикот на пренос на вирусот од лицата кои се во целост вакцинирани е помал отколку кај лицата кои се тестирани негативно на корона.

Според оценките на Роберт Кох, лицата кои ја примиле и втората доза би требало да бидат ослободени од задолжителни тестови и карантин.

Ако навистина се олабават мерките, вакцинираните би можеле да добијат пристап до фризер или влез во продавници и музеи каде што се бара негативен тест.

 

извор: Mondo.rs

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.