ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/6/21 8:38 AM

Навални пренесен во болница поради репираторна болка

Затворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални е пренесен во болница поради можна респираторна болест и бил тестиран за корона вирус, објави денес весникот „Известија“, повикувајќи се на затворската служба.

Навални претходно изјави дека имал треска и силна кашлица и дека тројца од 15-те затвореници во неговото одделение се лекувало во болница од туберкулоза, пишува Хина.

Четириесет и четиригодишниот Навални, еден од најистакнатите критичари на претседателот Владимир Путин, минатата недела објави дека штрајкува со глад.

Навални исто така тврди дека управата во затворот не му обезбедила соодветна медицинска нега за акутни болки во грбот и нозете.

Преземено од: https://radiosarajevo.ba/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7