ММС

Објавено на: 04/6/21 8:09 AM

Милениците ќе се шетаат од 22 до 23 часот

Од шести до 20 април, додека траат новите мерки за заштита од Ковид-19 ќе има посебен режим за шетање на домашните миленици.
-За време на забраната и посебниот режим на движење на граѓаните на територијата на Република Северна Македонија, сите граѓани кои живеат во станбени објекти за колективно домување и што имаат домашни миленичиња (кучиња), може да ги изнесуваат надвор од своите домови во вечерните часови во времетраењe од еден час, почнувaјќи од 22 до 23 часот, најмногу до 100 метри од објектот каде живеат, информираат од МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.