ММС

Објавено на: 04/5/21 9:39 PM

Златан Ибрахимовиќ убил лав – Швеѓаните шокирани од тоа што го направил подоцна

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ неодамна ја воодушеви тамошната јавност со враќањето во репрезентацијата, но само неколку дена после мартовскиот циклус фудбалерот на Милан се нашол на удар на јавноста.

Причината се информации кои ги пренесува шведски „Expressen“, а според кои Златан пред 10 години убил лав во Јужна Африка и го донел во Малме.

Ибра наводно убил лав кој една година бил затворен и кој бил пуштен поради тоа, да биде лов за туристи, па поради тоа таквиот вид на лов не е забранет, како и дека кожата, черепот и вилицата на лавот ги препарирал. Всушност тоа предизвикало додатен шок кај нацијата.

 

Златан не сакал да даде коментар на прашање на шведските медиуми кои го контактирале, иако е познато дека е пасиониран ловец.

Неодамна купил голем имот во Шведска поради лов и риболов, а сакал да дојде на лов и во Србија.

-Со Златан од секогаш било интересно. Сака лов. Еднаш ми рече: „Слушнав дека има волци во Србија, испрати ме“. Тогаш организиравме да оди да лови во Македонија – рекол Немања Матиќ во едно интервју кое го дал за „Телеграф“.

Извор: Телеграф.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.