ММС

Објавено на: 04/5/21 5:28 PM

Доцни вакцинацијата против Ковид-19 во Берово

Доцни вакцинацијата против Ковид-19 во Берово. Иако за потребите на возрасната категорија граѓани се набавени дел од вакцините, сепак според информации од Здравствениот дом, вакцините се наоѓаат во виничкиот здравствен дом, од каде треба да бидат транспортирани во Берово. Поради ова извори за МИА велат дека дел од пациентите од Берово кои обезбедиле термин преку матичните лекари вакцината ја примиле во Пехчево.

Во меѓувреме во здравствениот дом во Делчево и здравствената станица во Македонска Каменица без проблеми тече вакцинирањето на вкупно 300 граѓани. Директорката на делчевскиот здравствен дом Марија Глигоровска информира дека во Делчево не се вакцинирани лица од други општини, бидејки матичните лекари навреме ги резервирале вакцините преку Мој термин.

-Вакцинирањето за овие пациенти кои се вакцинирале во Пехчево, а се со место на живеење во Берово најверојатно е затоа што матичните лекари имаат право доколку има слободен термин на свои пациенти да им закажат вакцинација во друга општина. Во Делчево и Македонска Каменица немаме таков проблем, вакцинацијата за обезбедените 300 вакцини тече во најдобар ред, истакна Глигоровска

Во двете општини, како што додаде директорката се вакцинираат по 40 граѓани на ден и засега според лекарите нема несакани контраиндикации, освен кај едно лице кај кое во првите 24 часа по вакцинирањето е регистрирано благо покачување на телесната температура.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1