ММС

Објавено на: 04/5/21 3:49 PM

Хасани: Ако не ги донесевме мерките, ќе бевме затворени за празниците

Мерките што ги донесовме се многу рестриктивни и порестриктивни од тоа што сите граѓани очекуваа, но ги носиме свесно за да ги поминете празниците во мир и спокој – изјави денеска заменик министерот за здравство, Илир Хасани.  Тој потенцираше дека пандемијата си го направила своето и вирусот сменил се’.

„Многу граѓани беа ограничени во славењето на најважните празници од својот живот. Пандемијата го направи своето. Се наоѓаме на прагот на големи верски празници, во тешка општа состојба. Имавме два избора – или ќе ограничеме пост или ќе се затвориме за Бајрам и за Велигден.  Ако не ги донесевме овие одлуки, со сигурност ќе бевме затворени за празниците. Се надеваме дека големите верски празници ќе ги поминеме без големи ограничувања. Сепак, за време на празнувањето граѓаните ќе мораат да внимаваат“, апелираше Хасани.

„Највозрасните се најризична група на граѓани и најчесто тие завршуваат најфатално. Треба да си ја сфатиме одговорноста, штитејќи се себе, ги штитиме и останатите. Британскиот вирус испадна поразличен од сите останати видови. Поради тоа ги донесовме новите рестриктивни мерки, да не се грижиме дали некој од нашето семејство е во тешка состојба. Да се надеваме дека мерките ќе дадат ефект, да славиме одговорно. Ова зависи од сите нас“, додаде тој на денешната прес конференција.

 

В.М.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.