Лепа Брена, како и повеќето нејзини колеги, помина огромен период на неповолна епидемиолошка состојба во Србија и во светот, без да изведува и работи на нови музички проекти.
Сепак, популарната пејачка по долго време реши да ги задоволи оние кои ја сакаат нејзината музика, и најави јавно обраќање на социјалната мрежа Инстаграм.
– По една година пауза, правиме нешто ново, свежо и поразлично. И покрај тоа што веќе ги знаете тие песни, ќе ги слушнете за прв пат во нов дух. Дали знаете за што станува збор? – напиша Лепа Брена.
Сепак, самата најава не предизвика толку внимание како изгледот на популарната пејачка. Многумина го критикуваа изданието на Брена, додека други се воодушевија.
– Боже, што правиш со себе си! Како изгледаш ?! За што ви се потребни тие пластични операции? – беше негативниот коментар на еден од следбениците.
– Зар жената нема право да остари? Таа не е баба од сокаците, туку мега ѕвезда, и тука има минимум шминка, ако воопшто и има – се спротивстави обожавателот на пејачката.
View this post on Instagram