ММС

Објавено на: 04/5/21 2:11 PM

Решивме да инвестираме во иднината – „Сити плаза“ го купи „Рамстор Мол“

Ајдован Адемоски, сопственикот на „Сити плаза“ од денеска е сопственик и на „Рамстор Македонија“, во чиј состав влегуваат шопинг цетарот „Рамстор Мол“, како и синџирот маркети.  На свеченоста, по повод купопродажбата, која се одржа денес во хотелот „Хилтон“, Адемоски рече дека вкупната вредност на планираните инвестиции ќе изнесува 105,2 милиони евра.

-Во ера на пандемија, која го зафати целиот свет, ние одлучивме да инвестираме над 100 милиони евра во нашата иднина и во иднината на нашата држава. Не можеме да се затвориме и да чекаме подобри времиња,  нив треба сами да ги создаваме, рече тој.

Во планираните влоѓувања во наредните пет години  „Сити плаза“ ќе го зголеми капацитетот на трговскиот центар „Рамстор Мол“, со подземна гаража, нов административно- деловен објект и многу други, со што ќе ги задржи сите 1.000 вработени, а ќе вработи уште 700 нови.

На свечениот настан присуствуваа премиерот Зоран Заев,  Хасан Мехмед Сексизќок,  амбасадорот на Турција, во Македонија  како и многу други претставници од бизнис фелата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1