ММС

Објавено на: 04/5/21 2:17 PM

(ФОТО) Досега од вакцинираните не покажале несакани ефекти од примената доза на вакцината

Со околу 3000 термини закажани за денеска започна масовната имунизација во „А1 Арената“ во Скопје.


Приоритет денеска имаше критичната инфраструктура однсно вработените во МВР, Армијата, новинари, возачи на автобуси, пожарникари, воспитувачи во градики, вработени на патарините, за кои се предвидени 20.000 дози вакцини.


Како што истакна Сабиха Старова од Институтот за јавно здравје вакцинацијата се одвива во најдобар ред, а заинтересираноста е голема.


„Вклучена сум во масовната вакцинација во салата „Борис Трајковски“ . Денеска имаме одличен одзив на пациенти, се надевам дека и во наредните денови ќе тече се во најдобар ред. Им порачувам на сите граѓани  да се вакцинираат за да можеме да го победиме ова зло“, рече Старова.


Инаку засега вакцинацијата се одвива на 48 пунктови со вакцината „Спутник Ве“ која ја добивме како донација од Србија. Од досега вакцинираните како што изјави Џансу Буковец не покажале несакани ефекти од примената доза на вакцината.


„Има многу граѓани кои се вакцинираа, досега немаше некоја несакана реакција и сите се задоволни од организацијата и од начинот на кој тука се примени. Не би можел д акажам точна бројка, не ги броев но податоците може да се добијат од Министерсвото за здравство или Мој Термин“, изјави Буковец.

Дел од граѓаните кои ги анкетиравме неколку минути по вакцинацијата се чувстуваа одлично и испратија порака, останатите граѓани да го направат истото за што побрзо да заврши пандемијата со Ковид 19.


„Одлично се чувствувам и порачувам да се вакцинираат граѓаните затоа што тоа е во интерес на нивното здравје, здрвајето на нашите најблиски и на целата околина“.


„Да се вакциниравме, одлично се чувстуваме. Задолжително сите да се вакцинираат, што е можно побрзо“


Минатата недела започна вакцинацијата во вакциналните пунктови на Поликлиникте за луѓето постари од 70 со вакцината на „Астра Зенека“. Досега како што информираше Министертсвото за здравство вакцинирани се 7005 здравствени работници, а над 4000 ја примиле вакцината на „Фајзер“ и биле ревакцинирани.

Габриела Додевска
Фотограф: Ванѓел Тануровски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.