Дисквалификуваната кандидатка на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“, Вања Кнежевиќ, го подготвува својот прв сингл, благодарение на Цеца Ражнатовиќ, што ова го потврди долгогодишниот соработник на пејачката, Дамир Хандановиќ.
– Вистина е, правам песна за Вања Кнежевиќ … Цеца ми се јави – потврди Хандановиќ за Телеграф.рс
Во претходните денови Вања престојувала во Белград, каде имала тонски проби во студиото, како и снимање вокали.
-Вистина е дека работам со Дамир Хандановиќ, на мојата прва песна, и секако сум пресреќна поради тоа. Сè уште не сум свесена што ми се случува, бидејќи сè се случува толку брзо, како да се разбудив од некој лош сон и сега уживам во прекрасни работи. Се надевам дека реакциите на публиката ќе бидат добри, се обидуваме да направиме сè како што треба и како што замислувавме. Се надевам дека ќе ги оправдам очекувањата – рече Вања.
Извор: Информер.рс
фото: Информер.рс