ММС

Објавено на: 04/5/21 1:39 PM

„Како да се разбудив од лош сон“ – Една е Цеца, избрканата Вања од Гранд ја исполнува својата желба

Дисквалификуваната кандидатка на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“, Вања Кнежевиќ, го подготвува својот прв сингл, благодарение на Цеца Ражнатовиќ, што ова го потврди долгогодишниот соработник на пејачката, Дамир Хандановиќ.

– Вистина е, правам песна за Вања Кнежевиќ … Цеца ми се јави – потврди Хандановиќ за Телеграф.рс

Во претходните денови Вања престојувала во Белград, каде имала тонски проби во студиото, како и снимање вокали.

-Вистина е дека работам со Дамир Хандановиќ, на мојата прва песна, и секако сум пресреќна поради тоа. Сè уште не сум свесена што ми се случува, бидејќи сè се случува толку брзо, како да се разбудив од некој лош сон и сега уживам во прекрасни работи. Се надевам дека реакциите на публиката ќе бидат добри, се обидуваме да направиме сè како што треба и како што замислувавме. Се надевам дека ќе ги оправдам очекувањата – рече Вања.

 

Извор: Информер.рс

фото: Информер.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.