ММС

Објавено на: 04/5/21 1:31 PM

Баји позитивен на Ковид-19, Марсијал аут до крајот на сезоната

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Ерик Баји, позитивен е на Ковид-19 и ќе отсуствува од тимот на Оле Гунар Солскјер во следниот период. Норвешкиот стратег синоќа потврди дека Баји на интернационалната обврска за Брегот на Слоновата коска се заразил со вирусот и поради тоа не е пристигнат во Британија и се наоѓа во изолација.

Последниот настап за поранешниот стопер на Виљареал за Јунајтед беше во првиот дуел против Милан од 1/8 финалето од Европа Лига. Но проблемите за составот од „црвениот“ дел на Манчестер не престануваат овде.

Второпласираниот во Премиер Лигата во жестокиот финиш на повеќе фронтови ќе мора да игра без првиот шпиц, Ентони Марсијал. Солскјер по вчерашната победа над Брајтон од 2:1, изјави дека Французинот го повредил коленото и можно е до крајот на оваа кампања повеќе да не го видиме на теренот.

„Црвените ѓаволи“ во четврток ќе се судрат со овогодинешното изненадување во Европа, Гранада, во надеж дека ќе изборат полуфинале во второто по квалитет европско клупско натпреварување.

 

 

 

 

 

Фото:

afroballers.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.