ММС

Објавено на: 04/5/21 12:44 PM

(видео)Сирени од амбулантни возила како последен поздрав за Гоце, борецот од Итната помош од Прилеп

Колона од возила на Итната медицинска помош со вклучени сирени, придружени од противпожарни возила на ТППЕ поминаа низ центарот на Прилеп, одавајќи му последен поздрав и почит на прерано починатиот Гоце Илиески. Гоце почина во саботата, по речиси едномесечна битка со ковид – 19.

42-годишниот возач на амбулантно возило, кој се зарази со корона вирусот на раобтно место, не успеа да ја добие најважната битка – за живот. По влошување на здравствената сосојба, Гоце беше пренесен на лекување во приватна болница, по што се покрена хуманитарна помош за обезбедување средства за лекувањето.
Гоце Илиески беше сопруг и татко на две деца.

видео: Радио Пела


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.