ММС

Објавено на: 04/5/21 12:25 PM

Шпанија воведува ново правило: Маските стануваат задолжителни и на плажите и на базените

Туристите кои планираат ова лето на уживаат на плажите на Ибица ќе мораат да носат маски дури и додека се сончаат. Претходно таму беше дозволено посетителите на плажите да не носат маски, но само ако беа доволно оддалечени едни од други.

Меѓутоа, новите правила кои стапија на сила со одлука на владата, подразбираат задолжително носење маски за сите луѓе на јавен простор, а тоа се однесува и на плажите и на базените. Ваквото правило се применува и во случаите каде има социјална дистанца, па така некој кој ќе лежи на плажа доволно оддалечен од останатите, сепак ќе мора задолжително да носи маска.

Луѓето кои нема да го почитуваат ова правило, ризикуваат да се соочат со парична казна во износ до 100 евра – пренесува Mirror. Правилото единствено не важи за децата кои се помали од 6 години, како и за возрасните кои имаат некое заболување што им создава потешкотии со дишењето. Се’ споменато не се однесува само на Ибица, туку воопшто на цела Шпанија.

 

Извор:    telegraf.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.