ММС

Објавено на: 04/5/21 12:16 PM

Протоколите во градинките строго се почитуваат, најголемиот пик беше во ноември, сега состојбата е стабилна, вели Шахпаска

Состојбата со пандемијата предизвикана од КОВИД-19 во градинките е стабилна и нема екстремно покачување на бројките, изјави денеска министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Таа информира дека во моментов има 59 нови позитивни вработени и 11 деца. Таа динамика, вели Шахпаска, е константна.

-Втората седмица во ноември беше пикот во градинките. Родителите веруваат во функционирањето на поставените протоколи во градинките, а за тоа потврда е дека нема ширење на заразата во нив, посочи Шахпаска на  денешното гостување во Студио 10, на ТВ 24

Министерката потенцираше дека МТСП цело време работи на тоа да се зголеми опфатот на деца, како и дека со Протоколот помал број деца врзуваат еден тим на воспитувач и неговател.

-Со цел поуспешно да се изменаџира состојбата со КОВИД 19 и да се излезе во пресрет на родителите и децата, побрзо се реализираа и вработувањата во детските градинки. Потврда за тоа се 400 нови вработувања изминатиот период. Истовремено, општините и градинките работат  на изнаоѓање решенија  преку адаптација на просторни капацитети  до отворање нови групи со цел поголем опфат на деца, рече Шахпаска.

Таа истакна и дека изминатите седум месеци биле отворени 11 градинки со опфат на 670 деца, а при тоа биле застапени и општините кои првпат добиваат градинка и можност нивните деца да добијат предучилишно воспитание и образование.

-До крајот на годината планирани се уште 13 нови детски граинки со опфат на нови 1400 деца, што значи дека во континуитет работиме на зголемување на опфатот на деца во нив. Тоа водео е потврда дека централната и локалната власт работаат партнерски, посочи Шахпаска.

Министерката за труд и социјална политика истакна дека епидемиолошката состојба во нашата земја е иста како земјите во околината и во целиот свет.

-Децата сепак се во категорија на лица кои се помалку чувствителни на вирусот. Доколку доследно ги почитуваме мерките, носиме маски, се дезинфицираме, држиме дистанца, не се групираме, доколку пристапиме на процесот на вакцинација одговорно, ние сите заедно како држава и како свет ќе излеземе брзо од оваа пандемија, рече министерката Шахпаска. 

 

 

 

 

 

Извор:

mia.mk


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.