ММС

Објавено на: 04/5/21 11:09 AM

Вселенските зраци расипуваат до 40.000 уреди во Јапонија

Вселенските зраци годишно расипуваат меѓу 30.000 и 40.000 уреди за мрежни домашни комуникации во Јапонија, откри денеска јапонскиот телекомуникациски гигант Нипон телеграф и телефонска корпорација (НТТ).

Повеќето од таканаречените помали грешки и привремените дефекти во мрежниот хардвер во јапонскиот телеком беа автоматски санирани преку безбедносни уреди, но во некои случаи експертите велат дека настанал дефект, пренесува Танјуг, повикувајќи се на агенцијата Кјодо.

Околу 100 дефекти на ден
Лесни грешки се јавуваат кога електронскиот уред е под влијание на неутрони кои се судираат со полупроводници во опремата.

NTT ја измери фреквенцијата на мали грешки и заклучи дека има околу 100 дефекти во домашните сервери дневно.

Превземено од: https://balkans.aljazeera.net/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.