ММС

Објавено на: 04/5/21 10:36 AM

Бесплатен паркинг и попусти за српските туристи, предлага Љупчо Јаневски од Агенцијата за промоција на туризмот

Љупчо Јаневски директорот на Агенцијата за промоција на туризмот, предлага до туристичко угостителскиот сектор и локалната самоуправа поволности за туристите од Република Србија.

Тој на неговиот Фјебук профил ги истакна поволностите кои ги предлага за српските туристи како бесплатни влезници за сите музеи, бесплатен паркинг во сите градови, попуст во сите угостителски објекти, попуст во сместувачките капацитети и брз трансвер на граничните премини.

Јаневски во својот пост вели дека многупати потенцирал дека целиот Балкан претставува една туристичка дестинација и во овие тешки дека сме си потребни едни со други како никогаш досега за да се спасат животи, туризмот и економиите на нашите земји.

„ Затоа почитта, разбирањето и солидарноста треба да биде најголем чин во ова време – невреме кое се надвиснало над сите ,а мислата на мајка Тереза да не води напред“, напиша Љупчо Јаневски во својот пост.

Туризмот не познава државни граници, туку дестинации кои се протегаат до каде имаат интерес туристите да посетуваат…

Posted by Љупчо Јаневски on Sunday, April 4, 2021


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.