ММС

Објавено на: 04/5/21 8:56 AM

Судир на траект и товарен брод – петмина починати, се трага по голем број патници

Патнички траект се судри со товарен брод и потонаa во реката Шиталакши, јужно од главниот град на Бангладеш, Дака.

Локалните власти за Ројтерс потврдија дека најмалку пет лица загинаа во несреќата и дека голем број патници се водат како исчезнати.

– Во тек е операција за спасување – рече претставникот на полицијата и додаде дека некои патници успеале да пливаат до брегот.

Фериботот бил полн со луѓе кои се враќаа во своите домови откако владата објави дека од денес ќе стапи на сила „заклучување“, со цел да се спречи ширењето на вирусот корона.

Во неделата, беше потврдено дека е забележан рекорден дневен број на новоинфицирани случаи со 7.087 случаи во Бангладеш, вкупно 637.364 од почетокот на пандемијата и вкупно 9.266 смртни случаи кај пациенти со Ковид 19.

Преземено од: https://informer.rs/
Фотографија: AP


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.