ММС

Објавено на: 04/5/21 7:33 AM

Нов контингент вакцини од Кина пристигнува во Србија

Нов контигент со кинески вакцини против коронавирусот ќе пристигне денеска во Србија. Контигентот со 500 илјади дози од вакцината на Синофарм ќе пристигне на белградскиот аеродром во 10.30 часот , а ќе го пречека премиерката Ана Брнабиќ – соопшти Владата на Србија.

Брнабиќ претходно најави дека во Србија ќе пристигнат 500 илјади дози вакцини од Кина и дека денес би требало да бидат испорачани и околу 106 илјади дози од вакцината на Фајзер.

 

Извор:  danas.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.