ММС

Објавено на: 04/4/21 8:54 PM

(ВИДЕО) Без маски и дистанца студентите од Белград вечерва го прославуваат „Денот на студентот“

Илјадници студенти се собраа вечерва пред Студентскиот град во Нов Белград, каде го слават 4 април, Денот на студентот.

Студентите свират и пеат на музика од звучниците, не ја почитуваат физичката оддалеченост и не носат маски.

Според репортерот на Танјуг, пред „Студенјак“ нема припадници на полицијата или комуналната полиција.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.