ММС

Објавено на: 04/4/21 5:26 PM

Од утре стабилизација на времето и пораст на дневната температура

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека утре ќе има преодна стабилизација на времето со пораст на дневната температура. Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Нов влажен бран се очекува во вторник кон крајот на денот и во среда. Во среда и во четврток ќе дува засилен северен ветер, а од четврток утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.