ММС

Објавено на: 04/4/21 3:47 PM

Се сликале голи на тераса – уапсени нудисти во Дубаи

Полицијата во Дубаи уапсила група туристи под обвинение за јавен разврат, соопштија локалните власти, откако на социјалните мрежи се појави видео на кое гола жена позира на тераса во градот, пренесе АП.

Прекршувањето на законите за пристојност на Емиратите, вклучително и нудизмот и другото „безобразно однесување“, предвидува казна затвор од шест месеци и парична казна од 1.360 американски долари.

Споделувањето порнографски материјал се казнува и со затвор и парични казни според исламскиот шеријатски закон.

Преземено од: https://www.novosti.rs/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.