ММС

Објавено на: 04/4/21 2:28 PM

Македонци дома, Македонци во Австралија – Татјана и Новица подготвуваат зимница, ајварот е направен

Македонци дома, Македонци и во Астралија, вака најчесто се зборува за тие кои живеат далеку од дома, но навиките и традицијата не го забораваат. Така е и во семејството на Татјана и Новица, кои веќе неколку години живеат во Австралија, но и покрај тоа традицијата не ја заборавија. Тие како добри домаќини не ги пропуштаат обичаите за ниеден празник, па така и традицијата на подготвување зимница. Разликата од кај нас е што тие вчера беа на плажа а денес ги засукаа ракавите, ги испекоа пиперките и ајварот веќе е при крај. Едната тура веќе е направена, па  додека Тања го подготвува ручекот, Новица, кој  е задолжен за мешање, веќе ја направи втората тура.

-Од македонскиот ајвар нема ништо поубаво. Сите го сакаме дома и нормално е во пресрет на зимата да направиме ајвар. По маркетите се продава ајвар, но не е тоа тоа. Повкусно е кога ќе го направиш дома, по твој вкус. Вистинско есенско уживање со печена пченка, ра радоста и нема крај, велат Тања и Новица, кои заедно со друштво уживаат во подготовка на македонските специјалитети.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.