ММС

Објавено на: 04/4/21 1:09 PM

Воз прегази маж, увидот на МВР се уште трае, сообраќајот во прекин

Товарен воз прегази маж во железничка несреќа која се случила околи 11:15 часот во близина на пешачкиот мост “Гемиџии“ во центарот на Велес. Увидот на екипата од Секторот за внатрешни работи се уште трае, а железничкиот сообраќај е во прекин.

Според очевидци, маж на возраст од околу 25 години седел на заштитниот ѕид до железничката пруга. Кога го слушнал возот, кој сообраќал на релација Гевгелија – Скопје – Трубарево, тој се исправил на пругата и со исправени раце застанал пред возот. Машиновозачот неколкупати предупредил со сирената и нагло закочил, но веќе било предоцна.

Полициските службеници  го регулираат сообраќајот во градот затоа што поради должината на возот, двата железнички премини за источниот дел на градот се блокирани.

Подетални информации ќе има откако ќе заврши увидот.

Орце Костов


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.