ММС

Објавено на: 04/4/21 11:35 AM

Крузер од соседството наменет за дигитални номади: На него може да живеете, работите, одмaрате и да го шетате светот

Американската компанија „Storylines“ склучи договор со хрватското бродоградилиште „Бродосплит“, за производство на луксузниот крстосувач Наратив, долг 225 метри. Но, неговата цел не е „стандардна“.

Тој нема да биде наменет за масовни туристички патувања, a апартманите ќе бидат во сопственост на физички лица или компании. Според „Слободна Далмација“, станува збор за станбен брод, каде сопствениците на станови можат да живеат, да работат и да се одмораат.

Целна група на американскиот инвеститор се, пред сè, дигитални номади кои сакаат да работат и да заработат „живеење на вода“. Бидејќи светот е целосно променет од почетокот на пандемијата со Ковид 19, ваквите потези воопшто не изненадуваат и постојат големи шанси побарувачката да биде на очекуваното ниво.

Според Storylines, цените на становите ќе се движат од 300.000 евра до повеќе од осум милиони евра. Во цената не се вклучени трошоците за навигација, што најверојатно ќе изнесуват десетици илјади евра годишно.

Хрватскиот портал исто така пишува дека идните сопственици на станови, кога не работат, би можеле да ја дадат својата недвижност на пријатели, семејство, соработници. Секако, ако сакаат, би можеле да патуваат низ целиот свет со луксузен брод. Бродот ќе се напојува со еколошки помалку контроверзен течен нафтен гас.

Бродот има и 17 палуби, 627 апартмани, 45 барови, 20 ресторани, марина и јавна библиотека со повеќе од 10.000 книги, а во еден момент ќе може да прими до илјада патници. Американците тврдат дека крузерот е дизајниран така што ќе овозможи максимална обезбдност во епидемиолошка смисла.

Сè уште не е познато колку ќе чини бродот „Наратив“, но познато е дека треба да заплови за прв пат во 2024 година. Патем, неколку светски медиуми неодамна објавија дека Хрватска е „идеално место за работа од далечина“, што многу веројатно ги охрабри Американците да склучат тековен договор.

Концептот на овој брод е направен според моделот „Светот“ долг 200 метри, изграден во 2002 година, во Норвешка, за американска компанија од Бахамите.

Преземено од: https://biznis.telegraf.rs/

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.