ММС

Објавено на: 04/4/21 9:57 AM

Папата Франциск: Секогаш е можно да се почне од почеток

За време на Велигденското бдение во базиликата Свети Петар во Рим, папата Франциско им порача на верниците дека „секогаш е можно да се започне од почеток, затоа што секогаш има нов живот“, ги пренесува агенцијата Анса неговите зборови, кои не се однесуваат само на верниците туку и на сите што поминуваат низ тешки денови во втората година од пандемијата со „ковид 19“.

„Во овие мрачни месеци на пандемијата, се чувствуваме блиски со Господ, кој воскресна, и кој не повикува да не губиме надеж“, рече папата Фрањо.

Папата повикува и посочува не само на нов почеток, туку и на „отворање нови патишта каде што се чини дека ги нема и да се оди, доколку е потребно, против плимата и веќе виденото“.

Велигденското бдение се одвиваше строго во согласност со анти-ковид мерките, поради полициски час, порано од вообичаеното, а на кое присуствуваа многу мал број верници, кои ги поминаа сите контролни мерки пред службата.

Велигденскиот циклус на прослави, предводен од папата Франциско, завршува денес со миса во базиликата Свети Петар во Рим, благослов и конечно вековна традиција на објавување на пораката на папата „Урби ет Орби“.

Преземено од: http://www.rtv.rs/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.