ММС

Објавено на: 04/4/21 9:38 AM

Поплава однесе 23 животи во Индонезија

Поплава предизвикана од обилен дожд денеска однесе 23 животи на индонезискиот остров Флорес, повредени се девет лица и исчезнати пет, додека Источен Тимор соопшти дека починале осум лица.

Најмалку 49 семејства се погодени во Флорес во источна Индонезија, изјави Радитја Јати, портпарол на службите за итни случаи, објави Ројтерс повикувајќи се на локалната агенција БНПБ.

„Десетици куќи беа закопани во калта во селото Ламанел, а некои згради едноставно беа однесени во поплавата“, рече Радитја.

Покрај тоа, еден мост е срушен, а спасувачките служби се борат против обилните дождови, силниот ветер и брановите, додаде тој.

Преземено од: https://www.novosti.rs/
Фотографија: Printscreen/@Khidki2


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.