ММС

Објавено на: 04/4/21 8:57 AM

Најмногу дожд во Пожаране и Тетово, најстудено во Крушево

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Пожаране 21 литар на метар квадратен, во Тетово 15, Дебар 13, Охрид 11, Крушево 9, Скопје 6, а најмалку во Штип еден литар, соопшти УХМР.

Најтудено утрово со минус еден степен е во Крушево, во Скопје се измерени три степени, а најтопло е во Гевгелија и Дојран со осум степени.

Во текот на ноќта времето беше облачно со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места на северозапад врнежите преминаа во снег. Дуваше слаб до умерен, вдолж Повардарието на места засилен северен ветер. Утрово во најголем дел од земјава е облачно со дожд, освен на крајниот југоисток, каде е умерено облачно.

Времето денеска же биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на планините и на некои повисоки места во северните делови ќе бидат од снег. Најобилни врнежи се очекуваат во западните делови (локално над 20 л/м2). Ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието, а дневната температура значително ќе се намали и ќе биде во интервал само од 5 до 13 степени.

Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне околу 6 степени.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.