ММС

Објавено на: 04/3/21 10:52 PM

Внуката на српската принцеза Караѓорѓевиќ не се бања со денови и гола шета низ шума- Терапија после стрес

Индија Оксенберг, внука на принцезата Јелисавета Караѓорѓевиќ, неодамна се најде во центарот на интересот и на домашната и на светската јавност. Tаа беше вовлечена во канџите на сектата, што остави длабоки последици врз неа и членовите на нејзиното семејство, и емоционално и психички и финансиски.

Сепак, целата оваа приказна имаше среќен епилог. Водачот на сектата заврши зад решетки, а Индија сними документарен филм за своето искуство, во надеж дека ќе им помогне на многумина кои се во слична ситуација или ќе дојде до свеста на оние кои не се ни свесни за опасностите што ги очекуваат.

Индија откако ги залечи раните, се врати во нормален живот, а во последно време е многу активна на социјалните мрежи, каде ги документира деталите од своето секојдневие.

Сите оние кои ја следат на Инстаграм знаат дека Оксенберг со денови е во Националната шума Линколн, поради што, како што откри и самата, веќе четири дена не користи туш.

Покрај тоа, Индија сподели со своите придружници сцена во која позира целосно гола среде шума, со силна порака: Важен дел од моето заздравување беше повторно да го прифатам и сакам моето тело. За среќа, имам партнер со кого се чувствувам саканa и заштитенa. Сепак, тоа не беше случај за добар дел од мојот живот, што ме натера да се чувствувам засраменo. Сега учам да се сакам себеси и да се ставам себеси на прво место. Наскоро ќе наполнам 30 години и конечно можам да кажам дека се чувствувам добро во мојата кожа.

Извор: pulsonline.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.