ММС

Објавено на: 04/3/21 6:12 PM

Се уште беснее пожарот во росоманските села – ошетни лозја и овошни насади

Оштетени се лозја и овошни насади во пожарот меѓу росоманските села Рибарци и Паликура, за МИА потврдуваат од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци.

-Горат трски и сува трева. На лице место интервенираме пет пожарникари со две противпожарни возила. Според првичните согледувања, пожарот е предизвикан од невнимателност при горење на лозови прачки, кои останале како отпад по резидбата на виновите лози. Затоа апелираме на внимателност при горење на отпадот кај нивите, велат од Противпожарната единица.

Оттаму нагласуваат дека даваат се од себе за да го локализираат пожарот

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.