ММС

Објавено на: 04/3/21 2:34 PM

Насмевка од 8.000 евра – Цеца блеска со новите заби

Светлана Цеца Ражнатовиќ многу се грижи за нејзиниот физички изглед, а особено за насмевката, што е и нејзин заштитен знак. Нејзините заби се едни од најскапите на естрадата. Фолк ѕвездата даде мало богатство за белата насмевка, поточно 8.000 евра, за што прв напиша Курир.рс, кога ја сликаше за време на една од нејзините посети кај нејзиниот забар.

Нема сомнение дека секој денар се исплати, затоа што фановите се толку воодушевени од насмевката на Цеца што и тие посакуваат иста таква.

За тоа сведочи и неодамнешната објава на стоматологот на Ражнатовиќ на Инстаграм. – Многумина ја сакаат насмевката на Цеца.

-Ние сме најсреќни кога ја гледаме како се смее, имаме многу причини за тоа – напиша стоматологот на Ражнатовиќ, кој исто така сподели една од картите со необична порака: – Таа сака заби како на Цеца – стои на картата.

 

Извор: Курир.рс

фото: Курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.