ММС

Објавено на: 04/3/21 2:23 PM

Брутална сеча на шума во Штип: Вандали повторно „оперираат“ во близина на црквата Света Недела

Нов вандалски чин во Штип, непознати сторители извршиле брутална сеча на дрвја, во населбата Дуизлак во близина на црквата „Св. Недела”. За кратко време, ова е втор инцидент – информира денеска локалната власт.

Првиот беше со кршењето на канделабрите, сега со несовесната сеча. Заштитата на животната средина е меѓу приоритетите на нашата општина. На терен од завчера е излезена екипа, која врши увид. Инспектори, радари, шумска полиција, веќе подготвуваат извештај за овој вандалски чин.

Ќе поднесеме соодветна пријава против непознат сторител, а случајот веќе е пријавен во полиција – најавуваат од Општина Штип.

Општина Штип апелира до сите граѓани, доколку некој забележал или ги видел луѓето кои се дрзнале на ваков чин да ги пријават. Вакво вандалски однесување е за секаква осуда и за сторителите нема да има милост – се вели во денешното соопштение.

Нелегалната сеча на шумата се провлекува веќе со години наназад. За ваквото однесување и нелегално продавање на огревно дрво, ММС објави и пред неколку месеци контактирајќи со невладиниот сектор од каде оценија дека ваквиот вандализам е ‘рак рана’ во општеството.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.