ММС

Објавено на: 04/3/21 1:50 PM

Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за здравство за оставка од Филипче

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно организираше протест пред Министерството за здравство од каде што побара оставка од министерот Венко Филипче зашто смета дека не ја менаџира добро здравствената криза. Се фрлаа балони со вода кон зградата на Министерството за, како што и го насловија протестот – „Да го измиеме срамот на Филипче и Заев”.

Дафина Стојаноска, член на партискиот Извршен комитет, по едноминутно молчење за 3.860 починати од КОВИД-19 во земјава, рече дека министерот „нема ни жал, ни доблест да се извини или да се повлече” и дека се обидел да ја префрли или сподели одговорноста.  Патувањето на Заев и Филипче вчера со хеликоптер до Прилеп го нарече авантура што чини околу 4.000 евра.
– А сета, нивна негрижа и неработа не чини сите преку 132 000 заразени и близу 4.000 починати, рече Стојановска и додаде дека нема доволно кислород за ковид-пациентите, ниту набавени вакцини.

Пратеничката од ВМРО- ДПМНЕ Велика Стојкова-Серафомовска рече дека голем дел од здравствените работници се уште не се вакцинирани, дури и оние кои  работат во болниците во ургентните одделенија и се изложени на најголем ризик.

Според пратеникот, Дарко Костовски доколку власта набавела вакцини и имала систем за справување со ковид-кризата, бројот на заразени и починати немало да биде толку голем.

– Јас немам дилема дека секој човечки живот изгубен во оваа пандемија е грижа на владата. Оваа несмаснот од владата по однос на сите прашања мора да запре час поскоро. На Македонија и е  потребна една добра влада кој ќе внесе сигурност  и скромност и ќе покаже дека знае да се справи со предизвиците, додаде Костовски.

МИА

Фото: Facebook / ВМРО-ДПМНЕ


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.