ММС

Објавено на: 04/3/21 12:03 PM

Вакцинацијата во „Борис Трајковски“ почнува в понеделник, за кога се закажни околу три илјади термини

В понеделник почнува масовната вакцинација во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Вакцинацијата таму ќе се одвива со руската вакцина Спутник В, со дозите што ги добивме од Србија. За задутре веќе се закажани нешто помалку од три илјади термини.

„Тука ќе се вакцинираат луѓето од критичната инфраструктура согласно Планот за имунизација. Веќе се направени списоци, регрутирани се луѓе кои работат во МВР, Армијата, новинарите, сите кои имаат голем број контакти согласно карактеристиките на работното место.  Пунктовите се технички опремени со лаптопи и печатачи“, изјави денеска министерот Венко Филипче.

Тој оценува дека процесот на вакцинација ширум пунктовите се одвива добро. Вчера била вакцинирани околу 1300 луѓе, но се очекува во просек дневно ширум државава да бидат вакцинирани по  4 илјади луѓе. Филипче прогнозира дека тој број ќе достигне и до 7 илјади.

„Тука ќе работат луѓе од амдинистрацијата од Министерството за здравство, од Институтот за јавно здравје, здравствени работници од Центарот  за јавно здравје, Здравствен дом Скопје и од здравствената установа во Железара. Денеска ќе направиме проба, ќе симулираме каде ќе се прави првичниот приием, проценка, иницијален преглед и делот каде ќе се издаваат потврдите и датумот на ревакцинација.  Ќе имаме обележани делови за итна медицинска помош и дел за опсервација по завршената вакцинација“, додаде министерот.

– Верувам дека системот добро ќе функционира. Овој месец очекуваме големи количини на вакцина да пристигнат, бидејќи тоа е единственото оружје за се смени сликата за пандемијата. Како ќе доаѓаат следните количини така ќе се одаваат во постојните системи. Во делот на пунктовите ширум државата ќе се намалува се’ повеќе старосната граница на граѓаните, а овде ќе се вакцинираат припадници на различни институции – објасни Филипче.

фото:  Facebook / Венко Филипче

В.М.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.