ММС

Објавено на: 04/3/21 1:31 PM

(ВИДЕО) Ковачки: Полицискиот хеликоптер се користи како такси за политичарите

„Не сум сеуште избркан, меѓутоа факт е дека се носат одредени законски измени кои што ќе и овозможат на постоечката власт тоа да го направи, мојот став го знаете, тоа е против уставно и на
тоа ќе останеме”, изјави членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, полковникот Драган Ковачки во емсијата „Стадион” на Радио Канал 77 во однос на новинарското прашање дали е избркан од Армијата.

Тој се осврна критички кон Владата и мерките кои се спроведуваат за време на пандемија во нашата земја.

„Ние вчера имавме 50 мртви и на тие 50 мртви да ги прифатиме така со една леснотија мислам дека не е во ред Ние во моментов имаме 50 семејства кои се зацрнети и за два дена губиме колку што
изгубивме во цела 2021 година поради неспособноста на Владата се токму тие починати лица. Јас би сакал да упатам критики и до Владата и до министерот за внатрешни работи кој е дел од Владата, не конкретно за работата на полицијата во постапувањето со пандемијата, затоа што полицијата е оперативна и тоа што ќе и се пропише тоа ќе го работи. Меѓутоа Владата е таа што ги носи мерките, очигледно дека тие мерки се недоволни и ако во моментот најсилната мерка е полициски час од 22 часот до 05 часот, тоа  е поразително. Факт е дека во изминатиот период видовме тотално потфрлање на кризниот менаџмент на Министертсвото за здравство и Владата во целост, последица на таа неспособност е експлозијата на пандемијата”, вели Ковачки.

Тој се осврна и на вакцините кои иако Владата ги обезбедила на каков таков начин, вакциницаијата не започнала веднаш туку била пролонгирана. Посебна критика испрати за вчерашниот актуелен настан кога прмиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче и министерската за
труд и социјална политика Јагода Шахпаска со хелихоптер слетаа во Прилеп.

„Конкретно за вчера, вие го гледате министерот за здравство, Шахпаска, премиерот се возат со хелихоптер го користат како такси служба, па потоа го слушаме премиерот дека тоа било потреба за  пилотите да летаат да ги исполнат потребните часови, зошто тие часови не ги правевте од почетокот на кризата?! – И конкретно не го правевте за болни наши граѓани? – На крајот на краиштата тие граѓани ве плаќаат. Ценам дека терба под итно треба да има оставки од одговорните и кривична одговорност за истите да се покрене”, вели Ковачки.

Забелешки испрати за справувањето со корупцијата за кое вели дека според извештајот на Стејт Депарментот е на високо ниво.

„Во постапувањето на полицијата немам забелешки, но имам забелешки во другиот дел корупцијата и криминалот. Со последниот извештај на Стејт Департментот нивото на корупција е оценето со високо, не е само констатирано дека постои корупција, не е само констатирано дека постои
низок, среден, туку дека постои висок степен на корупција и постои насилство и закани врз новинарите”, изјави Ковачки.

Наведен неколку нерасветелени случаи за кои побаа одговор од министерот
Спасовски.

„Остана не расветлено што договарала министерката за обрана, со Катица Јанева и Боки 13 што се криминалци, што барала министерката за обрана со тие лица. Во тоа време Катица беше и специјална јавна обвинителка па нели постои разделеност на извршната власт од обвинителството, во која држава обвинителството изврува задчи од извршната власт или нешто друго било во прашње. Сведоци сме дека инабавка на возила на МВР и Министертсвото за одбрана, зборуваме за милионски тендери, министерот кажа дека станува збор за само една набавка, да една набавка е, меѓутоа таа една набавка е најголема. Не се потценува тој случај, не станува збор за главен дистрибутер на тие возила туку станува збор за дистрибутер кој давал пониски цени од самиот главен и застапен дистрибутер”, рече Ковачки.

Минути да одговори имаше и министерот Спасовски, кој посочи дека воопшто не бил изненаден од констатациите на Ковачки.
„Не ме изненадуваат констатациите на Ковачики, вели министерот Спасовски кога тој наместо да и служи на Армијата и државата, избра да и служи на партијата, и тоа онаа партија која продуцираше најмногу криминал и корупција во нашата земја до 2017 година, која што ги направи сите овие
настани, кумановски случувања, 27 ми април, рушење на човековите слободи и права и на анјдолни основи беше оценета Република Северна Македонија”, рече Спасовски.

„Кога зборува за насилство врз новинарите, од 2017 до денеска нема еден случај кој што не е расветлен за било каков напад на новинарите, дали е физички или вербален напад, а да го потсетам господинот Ковачки до времето до 2017 година додека беше тој режим на власт на кој што тој му
служеше и му служи ден денеска имаше низа такви напади, дури и обиди за физичка ликвидација на новинари за кои што апсолутно ништо не е постапено во тој период не се обезбедени докази и не може да се води како постапка”, одоговори Спасовски.

„Во однос на користењето на полицискиот хелихоптер, овој одел воздухополовство во МВР се користи во секоја една прилика кога има потреба за спасување на било чиј човечки живот. Ние многу често реагираме ако има било каков случај ако треба да се пренесе во болница, повредено лице или да се бара тоа лице, потера да имаме и итн. Зборувам од хумани причини. Многу чести на планинарски тури имаме повреда на планинари преку спасувања. Полицијата во секој момент се ангажира за потребите на граѓаните и за потребите на институциите. Околу 2000 евра се трошоците за летање во еден ден со хилихоптер, не се така баслословни суми како што се пумпаат од некои политички причини. И летечкиот персонал и воздухопловот мора да бидат користени и да имаат одредени часови налет”, рече Спасовски.

Не е точно тоа дека една набавка била најголема, точно е само дека била најевтина набавката. Ако погледнете само дека имало со иста сума на финансиски средства претходно набавка што ја има спроведено министерот за внатрешни работи Чавков ќе видите дека истите возила со исти перформанси во тоа време биле набавени по 29 500 евра, а додека истите возила во мое време се направени за 20 500 евра, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.