ММС

Објавено на: 04/3/21 10:31 AM

Спасовски: Очекувам апсење на тие што му помогнале на Груевски да избега

Доказите за бегството на поранешниот премиер, Никола Груевски не ги обезбедува Министерството за внатрешни работи. Ако се знае, очекувам кривични пријави и апсење на тие коишто му помогнале. Ова го изјави денеска министерот, Оливер Спасовски во емисијата Стадион на Канал 77.
Одговарајќи на новинарско прашање како се дозволи Груевски да избега, тој истакна дека за него не била определена мерка за безбедност.

„Тој бил слободен човек во тој момент, нека се бара одговорност да се види зошто не се обезбедил како личност. Нема врска дали бил осомничен или не, знаете колку осомничени има во државата? Сите граѓани во државата се еднакви. При проценката на судот односно на обвинителството кога се бараат мерки на мерки за обезбедување има влијание позицијата на лицето, неговите меѓународни контакти и неговите финансиски средства“, додаде Спасовски.

Сепак, тој потенцираше дека таквата мерка треба да ја определи судот и дека тоа не е работа на полицијата.

„Кога се определува мерка, во решението стои кој е надлежен да ја спроведе. Ако за некое лице е определен домашен притвор во решението е наведено каде, односно на која адреса ќе го издржува, а контролата да ја врши полицијата. Во текот на 24 часа еднаш се врши проверка дали е лицето дома, а ако полицијата не го најде, треба да го извести судот“, изјави министерот.

Тој порача дека е потребно да се консолидира целиот систем, па дури и да дојде до одредени законски промени за поинакво постапување кон луѓето со пресуди.

В.М.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.