ММС

Објавено на: 04/3/21 10:26 AM

Спасовски не знаел ништо за набавката на софтверот на Рашковски

МВР нема барање за набавка на софтверот, не било информирано, ниту пак софтверот бил преземан во МВР, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во емисијата „Стадион“. Тој додаде дека не знаел ништо за набавката на софтверот.

Министерот  Спасовски рече дека МВР има потреба од таков софтвер.

„Во рамките на МВР работеше работна група направивме анализи за ставање во функција на  Save City и притоа целосно да биде дигитализиран. Камерите се во функција, и тие се набавени уште од времето на Груевски и Мијалков, но концептот во тој момент не бил концепт за сообраќајни прекршоци, тие камери биле користени од Бирото за јавна безбедност и контраразузнавање. Сега ги користи и Бирото за јавна безбедност и Управата за безбедност и контраразузнавање. Ние сега сакаме да имаме надградба или нов систем кој што ќе овозможи и за сообраќајна контрола, да го исклучиме човечкиот фактор во контролирањето на сообраќајот. Анализите кога ги правиме од земјите во ЕУ, тоа дава најдобри резултати кога го исклучувате човечкиот фактор и едноставно се оди преку електронскиот систем. Во тој дел е подготвено се, да се спроведе до Влада, и потоа да се спроведе јавна набавка“, изјави Спасовски.

Ако секретаријатот проценил дека имале потреба од таква набавка на таков софтвер, тоа е нешто за што ќе мора да кажат кои се аргументациите. МВР прави анализа и подготвува набавка на цел ситем кој што ќе значи контрола на сообраќајот, вели Спасовски.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.