ММС

Објавено на: 04/3/21 9:25 AM

Во Скопје за 24 часа хоспитализирани 103 ковид-пациенти, вкупно се лекуваaт 685

 Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 103 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 685 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 41 прием.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 18 примени пациенти и 20 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени нови болни, а 9 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 15 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 86 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 311 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 136 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 153 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 39 пациенти. На Клиниката за детски болести има 5 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 9 позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и  рехабилитација има 26 болни.

Вкупно 685 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 70 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, соопшти Министерството за здравство.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.