ММС

Објавено на: 04/3/21 8:27 AM

Продолжуваат засилените контроли: Сообраќајната полиција вчера изрече 107 мерки само во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на Град Скопје изречени се вкупно 107 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина девет, осум санкции за возење без возачка дозвола, три за технички неисправни и нерегистрирани возила – соопштија утрово од МВР.

Изречени се три санкции за користење мобилен телефон, 21 прекршок што го чинат пешаците, пет за управување под дејство на алкохол, три за некористење сигурносен појас и 35 санкции за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Надлежните апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.